Изработка на веб страни / изработка на веб страна за фирми, организации и индивидуи во Скопје и Македонија
Услугата „изработка на веб страни“ Техно Лаб Дизајн ја нуди на:
- компании (мали, средни и големи бизниси / фирми)
- организации (невладини организации (НВО), спортски друштва, еколошки здруженија, здравствени установи, политички партии, итн…), и
- физички лица / индивидуи / поединци (уметници, дизајнери, адвокати, доктори, стоматолози, консултанти, терапевти, нутриционисти, преведувачи, спортисти, блогери, модни блогерки, музичари, диџеи, модели, фотографи, занаетчии, новинари, фриленсери / хонорарци…)
КОРИСТ / ПРЕДНОСТ / БЕНЕФИТ ОД ПОСЕДУВАЊЕТО НА ВЕБ СТРАНА
Поседувањето на веб страна носи огромна корист за сопственикот на истата (било тоа да е фирма, организација или индивидуа).
Некои од бенефитите од имањето на веб страни:
- професионален изглед на интернет презентација соодветна на брендот
- сите сериозни / истакнати бизниси, организации и поединци поседуваат веб страни
- постојано достапни информации за Вашите услуги, производи, идеи или настани (24 часа во денот, 7 дена во неделата, 365 дена во годината)
- проширување на гласот за бизнисот / брендот многу подалеку од класичните медиуми (весници, радио, ТВ, и слично)
- изложување пред стотици илјади потенцијални клиенти во Македонија, и милиони клиенти ширум светот
- далеку поголеми можности за склучување на нови зделки / договори
- се изработува еднаш и се има засекогаш
- откако еднаш ќе се изработи, веб страната е бесплатна реклама, и е многу поевтина од постојано рекламирање на ТВ или во весници
- Вашето портфолио е нон-стоп достапно онлајн, на увид на целиот свет
- можност за напредок во професионалната кариера – ангажирање од страна на големи компании или организациии кои сакаат да Ве имаат под свој покрив
- потенцијалните клиенти и пријателите треба само да ги насочите кон Вашата веб страна – таму има се‘ што треба да знаат за Вас
- поседувајте е-маил адреса поврзана со името на Вашата веб страна (на пр. ImePrezime@MojaFirma.com)
- благодарение на веб страната, клиентите и потенцијалните клиенти во секое време можат да стапат во контакт со Вас – преку контакт формулар, e-mail адреса, профилите на социјалните мрежи, Skype, итн (телефонот веќе не е единствената алатка за контакт)
- веб страната е во Ваша сопственост, а профилите / страниците на социјалните мрежи (Фејзбук, Твитер, Инстаграм…) не се, и во секое време може да Ви бидат избришани — затоа, не дозволувајте сиот вложен труд да Ви згасне во еден миг!!!
- и многу други предности…
ВИДОВИ НА ВЕБ СТРАНИ
Постојат повеќе видови на веб страни.
Техно Лаб Дизајн Ви нуди изработка на следното:
- едноставна мини веб страна / one-page website (за личност, фирма, промоција на производ или настан, и слично)
- веб страна со напредни карактеристики и можности (изработена на реномираната платформа ВордПрес; можност за самостојно додавање, менување и бришење на содржини (текстови, фотографии, итн…))
- веб портал / веб страна за вести / онлајн магазин
- интернет продавница / веб продавница / онлајн продавница / е-трговија / web shop / e-commerce
- лична веб страна
- блог / личен онлајн дневник
- форум / веб форум
Сите веб страни се професионално изработени, лесни се за користење, и ги следат актуелните веб дизајн стандарди и трендови. Страните се прилагодливи за сите уреди (десктоп компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети, итн).
СЕКОЈА ВЕБ СТРАНА НЕ Е ДОБРА ВЕБ СТРАНА!!!
Нека не Ве залажуваат, не е доволно само да поседувате веб страна!
За успешна интернет промоција потребно е истата таа страна да е добро оптимизирана.
Во спротивно, страната ќе опстојува во некое зафрлено ќоше на интернет, и никој нема да ја види / пронајде.
Сите веб страни дизајнирани од страна на Теchno Lab Design се оптимизирани за интернет пребарувачи (Google, Bing, Yahoo…).
Оваа многу важна карактеристика за секоја современа веб страна многу ретко може да се сретне како понуда кај останатите веб дизајнери / дизајнерски студија. И оние кои ја нудат, ја имплементираат само делумно (најчесто од незнаење).
Оптимизацијата носи далеку повеќе посетители на веб страната, а со тоа и поголема можност за нови потенцијални клиенти, промоција на услугите или производите кои ги нудите, развој на бизнисот, и зголемување на угледот на тој бизнис.
Исто така, важна улога има и веб хостинг-от (простор за складирање на материјалите од веб страната (текстови, фотографии, итн…)).
Значајни работи кај еден веб хостинг: веб простор (во мегабајти / гигабајти), процесорска моќ, работна меморија…
Веб страна поставена на слаб хостинг води кон — споро вчитување на веб страната, нетрпеливост кај посетителите, и на крај напуштање на страната пред истата целосно да се вчита.
Која е целта на една веб страна доколку никој неможе да ја пронајде на интернет?!
Поседувајте прегледна, лесна за користење и оптимизирана веб страна!
ПОЗИТИВНИ ИСКУСТВА ОД ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНИ ЗА КЛИЕНТИ
Техно Лаб Дизајн направи голем напредок во изминатите години како дизајн и маркетинг студио кое се грижи за компаниите и индивидуите, помагајќи им да успеат во развивање на бизнисот, презентирање на услугите и производите кои ги нудат, и во реализирање на нивните идеи.
Луѓето се‘ повеќе знаат кои сме, што работиме, и за кого тоа го работиме.
Нашата цел е да им помогнеме на бизнисите во Македонија и низ светот да изградат успешно онлајн (интернет) присуство.
Случај 1: Винко Б. – резбарство / занаетчиство / дрвна индустрија
Ја анализиравме работата на Винко, ги собравме сите потребни информации за изработка на веб страната, и истата ја изработивме.
Покрај другото, страната содржеше голема фото галерија од изработените дела (резби од дрво, сувенири, дрвени скулптури, елементи за дворови, итн), разни начини за контакт, можност за споделување на содржините од страната…
Веб страната му помогна на Винко да стапи во контакт со луѓе кои работаат на исти или слични проекти со неговите.
Ги презентираше своите знаења од областа на настапи (создавање дела од дрво во живо) во соседството (Балкан), ширум Европа, и во Соединетите Американски Држави.
Исто така, ги прошири своите видици и сознанија од работата со дрво, па примени и нови техники на изработка на дела од дрво.
Винко сега има многу повеќе клиенти, а голем дел од нив го пронашле благодарение на неговата оптимизирана веб страна.
Тој го прошири своето резбарско студио, и ангажираше неколку асистенти.
Случај 2: Бојана В. – блог / онлајн магазин за мода и убавина
Бојана професионално работи во индустријата за дизајн.
Ни’ пристапи и ни’ ја презентираше својата идеја: да ги пренесе своите знаења поврзани со модата и убавината – на интернет, и од тоа да заработува.
На Бојана и’ изработивме веб страна наменета за индустријата за мода и убавина.
Веб страната беше оптимизирана, прегледна за користење, и прилагодлива за сите уреди (компјутери, телефони, таблети…).
Ја поучивме: како да создава и објавува нови статии, како да ги споделува креираните содржини од веб страната на интернет, како да привлекува нови посетители…
Ја поврзавме со компании кои сакаат да огласуваат на нејзината веб страна, со што таа имаше постојани месечни приходи.
Денес Бојана поседува успешен моден блог кој го посетуваат преку 10,000 луѓе на ден, луѓе од целиот свет.
Постојано ја контактираат компании кои сакаат да ја спонзорираат, па поради големиот број на понуди таа може да избира со кого ќе соработува.
Гледајќи го потенцијалот кој го нуди интернетот, Бојана не’ ангажираше да и’ изработиме и втор блог, овој пат – онлајн магазин за дизајн.
ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ИЗРАБОТКА НА ВАШАТА ВЕБ СТРАНА
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ?
Дали имате одлична идеја за веб страна?
Дали Ви треба некој кој сето тоа ќе го анализира, сумира, и ќе го претвори во јаве?
Дали имате потреба од поддршка и помош и после изработката на веб страната?
Техно Лаб Дизајн нуди изработка на веб страни за кратко време и за прифатливи цени.
Страните се професионално изработени, со одлична функционалност и изглед.
ДА ЗАПОЧНЕМЕ СО ИЗРАБОТКАТА – 072.517.574 (или имате некое прашање?)
Може да не‘ контактирате преку: телефон, e-mail, Skype, Viber или контакт формуларот.
– Телефон: 072.517.574 (мобилен)
– Е-маил адреса: contact [at] technolabdesign.com
– Скајп: technolabmk
– Вибер: +38972517574
Техно Лаб Дизајн – Изработка на веб страни, редизајн на веб страни, оптимизација (SEO), одржување на веб страни